Земјоделство
Производство на тутунот ќе се евидентира електронски
21.10.2014 10:07
Сегашниот систем на евидентни листови не обезбедуваше целосна контрола на производството и продажбата на оваа култура...

До 28 февруари 2015 година ќе се воведе електронски систем на евиденција во договарањето, производството и откупот на тутунот.
Системот ќе важи за сите реколти и тутунари.
Со оваа евиденција ќе се избегне сегашната практика на склучување на двојни и тројни договори и манипулациите со исплатата на тутунот и субвенциите.
Се воведува и банкарска гаранција за откупувачот која ќе користи за навремена исплата на откупениот род, без разлика дали е продаден веќе превземениот и преработен тутун.
Методија Трајков
