Високи казни за несовесните возачи

21.10.2014 10:21

Високите казни не ги смирија несовесните возачи, кои возат со голема брзина или под дејство на алкохол. Се уште не се почитува ниту предноста на пешачите. Граѓаните велат, познавајќи го нашиот менталитет, тешко ни оди безбедноста во сообраќајот...

Возачите знаат дека треба да ги почитуваат сообраќајните прописи , пред се да ја прилагодат брзината особено на прометни крстосници, но доволно е мало невнимание да се случи несреќа со фатални последици. Познавајќи го нашиот менталитет, треба да има високи казни додаваат тие.

„Чиста десетка за Законот. Се знае возачот не треба да има ни грам алкохол додека вози... Се зависи од возачите колку ги почитуваат прописите. А за казната се знае, доколку му биде пишана мора да си ја плати“, велат возачите.

Не ретко страдаат пешаци поради несовесни возачи, така што и тие ги ги подржуваат  казнените санкции.

„Има многу несовесни возачи ,брзо се вози , не се внимамва.Но за казните ви кажал дека се високи... Треба да се казнуваат често доаѓа до незгоди и невини луѓе страдаат“, сметаат граѓаните.

За надминување на брзината од 30 км на час над дозволеното во населено место, односно надминување на брзината од 50 км на час надвор од населено место, се плаќа казна од 300 евра. За некористење на сигурносни појаси 20 евра, за возење во алкохолизирана состојба 350 евра, а во одредени случаи е предвидено и одземање на возачката дозвола.

„Имаме зајакнување на казнената политика, особено на висината на паричните казни  во делот на сообраќајнните прекршоци кои најчесто се јавуваат поради непочитување на сообраќајните прописи“, вели министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска.

Новиот сообраќаен правилник е согласно европската практика и се очекува да се подобри сообраќајната култура и да се сведат на минимум прекршоците.

Инаку сите земји од регионот имаат повисоки парични казни во однос со нашата држава, при што во Србија за надминување на дозволена брзина следи и затворка казна од 30 дена. Во европските држави пак,  се уште поригорозни и истите се движат од 500 до 6.000 евра.

Габриела Димковиќ