Поранешен функционер од одбраната и актуелни бизнимени переле пари преку оф-шор фирми
Како што дознава МРТ од истрагата, првично, приведени се осуммина кои се товарат за криминал тежок неколку милиони долари. Кривичното дело е поврзано со сервисирањето на армиските хеликоптери...

Поранешен фунционер од одбраната и актуелни бизнисмени уапсени во полициска акција спроведена изутринава.
Како што дознава МРТ од истрагата, првично, приведени се осуммина кои се товарат за криминал тежок неколку милиони долари. Кривичното дело е поврзано со сервисирањето на армиските хеликоптери.
Повеќе лица биле инволвирани во незаконските дејствија. Уапсените се товарат за перење пари кое го вршеле преку оф-шор фирми, при што парите за сервисирање ги префрлале од една фирма на друга.
Осумтемина се изведени пред судија на претходна постапка во Скопска „единица“.
Како се правеле договорите за ремонт на воздухопловите и детали за акцијата се очекуваат во текот на денот.
Наташа Гркова- Петрушевска
