52 милиони евра од Светска банка за обнова на патишта

21.10.2014 10:35

Во првиот дел од проектот треба да бидат обновени 112 километри магистрални и регионални делници...

Договор за финансирање Проект за рехабилитација на магистрални и регионални патишта, со  кредит од 52 милиони евра од Светска банка ќе биде потпишан денеска во Скопје.

Во првиот дел од проектот треба да бидат обновени 112 километри магистрални и регионални делници. Следната година е предвидена обнова на патните правци Бошков мост - Дебар, Ресен - Буково и  Битола - Макази. Заемот е со рок на исплата од 23 години и шест години грејс период.

Договорот ќе го потпишат вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија Татјана Проскурјакова и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Љупчо Георгиевски.