Челникот на француски „Тотал“ загина во авионска несреќа во Москва

21.10.2014 10:49

„Тотал“ е шеста најголема компанија за нафта и гас во светот...

Претседателот на францускиот нафтен гигант „Тотал“ Кристоф де Мажери загина при полетување со неговиот приватен авион од московскиот аеродром Внуково.

„Рано изутрината авион Фалкон што полетуваше од Внуково за Париз се судри со машина за чистење снег. Загинаа патникот и тројцата членови на екипажот“, изјави Елена Крилова, портпарол на аеродромот Внуково.

Според руските истражители, возачот на чистачот на снег бил пијан. „Тотал“ е шеста најголема компанија за нафта и гас во светот.

Де Маржери бил на списокот учесници на состанокот на руската влада со странски инвеститори во Горки близу до Москва.