Пет години затвор за Оскар Писториус!
Писториус најверојатно нема да поднесе жалба на пресудата, а мајката на Рива Стинкамп изјави дека со оваа казна правдата е задоволена...

Јужноафриканскиот параолимпиец Оскар Писториус е прогласен за виновен за убиство од небрежност на неговата девојка Рива Стинкамп и доби петгодишна затворска казна.
Писториус поради поседување на огнено оружје заработи и тригодишна условна казна. Судијката Токазиле Масипа изјави дека казната домашен притвор, но и условната казна, не се прикладни на овој случај, со оглед на степенот на небрежност при извршувањето на убиството.
Писториус најверојатно нема да поднесе жалба на пресудата, а мајката на Рива Стинкамп изјави дека со оваа казна правдата е задоволена.
Параолимпиецот Писториус минатата година во февруари во неговата куќа во Преторија ја уби неговата девојка, а медиумите тогаш објавија дека Рива Стинкамп влегла кај него дома за да го изненади за Денот на вљубените.
