Јолевски: Македонија придонесува за зацврстување на глобалниот мир
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, на маргините од Меѓународната конференција во Белград, оствари одвоени средби со потсекретарот за мировни операции на Обединетите нации, Херве Ладсу, и со Иван Звержхановски, претставник на Центарот за мало и лесно вооружување на земјите од Југоисточна Европа.
Министерот Јолевски посочил дека Македонија повеќе од една декада дава свој придонес за зацврстување на мирот на глобално ниво.

Македонскиот министер за одбрана информирал за формирање на Балканските медицински сили, чиј штаб ќе биде во Скопје, а ќе бидат составени од медицински лица од земјите од регионот.