Три општини во Скопје ќе добијат подземни контејнери
Градоначалниците на Скопје и на Кисела Вода, Коце Трајановски и Билјана Беличанец денеска на улицата „Христо Татарчев“ го промовираа почетокот на втората фаза на поставувањето подземни системи за одлагање на смет.

Втората фаза опфаќа три општини со по три локации, а на секоја локација ќе има по три контејнери. Од нив два контејнера ќе бидат за мешан отпад и еден за пластика. На овој начин сметам дека ќе бидат задоволни граѓаните, но и комунална хигиена бидејќи ќе биде посовремен и поедноставен начинот за собирање и класифицирање на сметот, истакна градоначалникот Трајановски.
Градоначалничката на Кисела Вода информираше дека втората локација во општина Кисела Вода е на улицата „Ѓорѓи Димитров“, а третата е во населба Драчево. Додаде дека опшина Кисела Вода овој проект ќе ја чини 2.200.000 денари
Дизајнот на надворешниот дел од контејнерот ќе биде од инокс и сите во иста боја, но ќе бидат означени кој за каков вид на отпад е наменет. Еден од подземните системи за отпад заменува три класични контејнери. Рокот за изградба на подземните контејнери во трите општини е два месеци.