Обновување на патната мрежа со 52 милиони евра од Светска банка
Овој заем дава можност да се подобри патната мрежа во Република Македонија која е неопходен за зголемен раст и поенергична економија...

Со 52 милиона евра од Светска банка ќе се финансира обновувањето на дел од патната инфраструктура во државава. Ќе бидат обновени 112 километри магистрални и регионални патишта. Заемот е со шест години грејс период, и рок на отплата од 23 години.
„Договор кој што преставува прва фаза од проектот кој го договоривме со Светска банка за финансирање во новата четиригодишна стратегија со која се предвидени вкупно 400 милиони долари за Република Македонија. Првите 52 милиони евра ќе бидат искористени за реконструкција на патишта, а очекуваме во текот на следната година уште еден проект за патишта“, изјави вицепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставрески.
Овој заем дава можност да се подобри патната мрежа во Република Македонија која е неопходен за зголемен раст и поенергична економија, рече директорката на Канцеларијата на Светска банка во Македонија, Татјана Проскурјакова, нагласувајќи дека подобрата патна мрежа ќе значи подобра поврзаност и побезбедно патување.
