Фудбал – Лига на шампиони

Ибраими на „Стемфорд Бриџ“!

21.10.2014 13:04

Меѓу деветте непоразени екипи во сегментот Е – Х во фудбалската Лига на шампионите, само Баерн Минхен има две победи, но и со евентуална трета во Рим, баварците не би можеле ниту теортески по третото коло да обезбедат осминафинале.

Меѓу деветте непоразени екипи во сегментот Е – Х во фудбалската Лига на шампионите, само Баерн Минхен има две победи, но и со евентуална трета во Рим, баварците не би можеле ниту теортески по третото коло да обезбедат осминафинале.

Во четирите меѓусебни пресметки со Рома, германскиот првак има три победи, но кога загуби пред пред четири години на „Олимпико“ со 3:2, водеше со 2:0. Стротман, Кеита и Кастан нема да играат за Рома, Швајнштајгер, Бадштубер, Мартинез, Алкантара и резервниот голман Реина се поовредени, Рибери се опорави, но најверојатно на стартот на мечот ќе биде на  клупата.

Во истата група Е, од огромна важност ќе биде дуелот на празната „Химки Арена“, реми не одговара никому, поразениот речиси ќе се прости од нокаут фазата. Кога минатата сезона гостуваше во Москва, Манчестер Сити ја совлада ЦСКА со 2:1.

Иако заедно имаат осум титули и постојано се дел од Лигата на шампионите, Барселона и Ајакс, лани првпат се соочија меѓусебе. Со хет - трик на Меси, Барса славеше со 4:0. Овојпат, некогаш тимските колеги се согласни, Луси Енрике дека Ајакс може да им направи проблеми, а Франк де Бур дека се подготвени да не загубат на „Ноу Камп“.

Во другиот натпревар од конкуренцијата Ф, лидерот ПСЖ гостува во Никозија кадешто пред 20 години беше подобар од АПОЕЛ со 1:0.

По нерешените со Спортинг и со Шалке, Ибраими и Марибор се без притисоко на  првото гостување на „Стемфорд Бриџ“ и ќе се обидат да го изненадат ослабениот Челзи за кој нема да играат Диего Коста, Рамирес, Ширле и Микел. Неизвесен е настапот на Дрогба. Нашиот репрезентативец, Ибраими заздрави и најверојатно ќе биде во напаѓачки тандем со Таварес.

Во групата Г, Шалке со новиот тренер Ди Матео ќе го пречека Спортинг којшто има само еден триумф на 16 меча во Германија.

Откако го елиминираше Наполи во плеј – офот, Атлетик Билбао влезе во криза којашто ќе треба да ја надминува во Порто кадешто пред 58 години славеше со 2:1. Португалците се први во групата Х со бод повеќе од фудбалерите на БАТЕ Борисов кои не се сеќаат по добро на единствената домашна пресметка со украинска екипа, затоа што на елитното деби пред четири сезони загубија од Динамо Киев со 4:1. Сегашниот украински шампион, пак Шахтјор има проблеми со европските гостувања затоа што се радуваше само еднаш на последните шест.

Група Е

Рома - Баерн М.

ЦСКА М. - Манчестер С.

1. Баерн М.                 6

2. Рома                        4

3. Манчестер С.         1

4. ЦСКА М.               0

Група Ф

Барселона - Ајакс

АПОЕЛ - ПСЖ

1. ПСЖ           4

2. Барселона   3

3. Ајакс           2

4. АПОЕЛ      1

Група Г

Челзи - Марибор

Шалке - Спортинг

1. Челзи          4

2. Шалке         2

3. Марибор     2

4. Спортинг   1

Група Х

Порто - Атлетик Б.

БАТЕ Б. - Шахтјор

1. Порто         4

2. БАТЕ Б.      3

3. Шахтјор      2

4. Атлетик Б. 1