Зелено светло од ЕУ за пругата Крива Паланка- Деве Баир

21.10.2014 13:54

Според првичните проценки, изградбата на делницата ќе чини 330 милиони евра...

Зелено светло од ЕУ за изградба на пругата Крива Паланка–Деве Баир, границата со Бугарија. Вредноста е 3,5 милиони евра. Целосно ќе се финансира, со пари од ИПА фондовите.

Според првичните проценки, изградбата на делницата ќе чини 330 милиони евра.

За делницата Бељаковце- Крива Паланка е потпишан договор за изработка на основен проект. Кој ќе ја гради, ќе сезнае во почетокот на 2015-та.

145 милиони евра тежи  реализацијата. Преговорите со Европската банка за обнова и развој, се во финална фаза.