Груевски: Нешто мора да се промени во високото образование
Надворешно тестирање ќе има. Се разговара за моделот. Државниот испит ќе биде филтер да се провери знаењето на студентите, вели премиерот Никола Груевски кој денеска присуствуваше на промоцијата на нови преведени стручни наслови.
Премиерот очекува да се промени ваквата слика во образованието.

„Нешто мора да се промени, затоа што имаме факултети, па и цели универзитети каде проодноста на студентите е без знаење или без доволно знаење, каде што се ставаат деветки и десетки на секој, независно кој колку научил. Тоа е нездраво за едно општество. Тоа е правење штета на самите студенти. Тие стануваат, на некој начин, инвалиди во своето знаење. Добиваат диплома без знаење и понатаму не можат да просперираат, каде и да одат да работат. Можеби првиот впечаток дека имаат диплома ќе им помогне, но веднаш потоа ќе наидат на пречки“, изјави Груевски.
Владата, нагласи тој, чувствува одговорност да се промени таквата состојба.