Не може да се просперира со диплома без знаење!

21.10.2014 16:16

Некои студенти сметаат дека ако платиле, не треба да учат. Премиерот Груевски со објаснување зошто треба воведување државен испит на факултет. За ова имаше различни реакции во јавноста. Ресорното министерство твдри дека на првите дебати, студентите дале подршка за државниот испит...

Голем дел од приватните универзитети и факултети им даваат диплома на студентите без тие да имаат какво било знаење. Ваквата слика мора да се смени – изјави премиерот Груевски на прашањето за воведувањето на државниот испит кој е предмет на јавна дебата.

Според него, тој треба да ги заштити студентите, а не врз нив да изврши притисок.

Јавна тајна е фактот дека деветки и десетки им се поклонуваат на студентите  независно  колку научиле. Некои студенти сметаат дека ако платиле, не треба да учат, вели Груевски.

Тие стануваат, на некој начин, инвалиди во своето знаење. Добиваат диплома без знаење и понатаму не можат да просперираат, каде и да одат да работат. Можеби првиот впечаток дека имаат диплома ќе им помогне, но веднаш потоа ќе наидат на пречки. Ние како Влада чувствуваме одговорност да се промени таквата состојба.  Повеќе години сме на власт, не можеме да дозволиме пред очи да поминува нешто што сите го знаат. Јавна тајна е“, нагласи премиерот Груевски.

Државниот испит треба да обезбеди квалитетно образование, а на младите знаење што ќе го користат низ животот. Груевски рече дека Владата , Парламентот, но, и целото општество мора да реагира за да се проени ваквата состојба..

„Жал ми е што опозицијата не застанува на наша страна за квалитет на образованието и за обезбедување ситуација во која секој што ќе положи ќе има знаење кое ќе го користи низ целиот живот, ќе живее со тоа знаење и со знаењето ќе го храни своето семејство, а не да биде на маргините на општеството, да живее во сиромаштија зашто нема знаење“, вели Груевски.

На првите дебати, студентите дале подршка за државниот испит. Во меѓувреме, министерот за образование Адеми информираше дека во тек сепреговорите со СОНК и работните групи заедно ќе одлучуваат кои од барањата ќе бидат прифатени. Наставниците кои ги добија казните од екстерното тестирање во теков на неделава  ќе можат да поднесат жалба.

 

Викторија Тодоровска