Свеста за здрава исхрана не е на високо ниво
Купувањете здрава храна често доаѓа откако ќе се појави здравствен проблем. Во продавниците за здрава храна забележале дека 80 проценти од граѓаните кои пазарат се такви.

Компир и домат за салата, скопјанката Јагода, менито дома го составува од сезонските производи на пазар. Вели, дека цените на некои производи се високи, но здравјето на семејството е најважно.
„На два дена пазарувам. Сакам свежо убаво да си купам. Си бирам си гледам“, вели Јагода Илиева.
И Нада Илиќ, која секојднево купува на пазарчето во Аеродром.
„Грашок, боранија, спанаќот сега е актуелен, карфиол, праз, зелката се што е сезонски“, рече Нада Илиќ.
Но купувањете здрава храна често доаѓа откако ќе се појави здравствен проблем. Во продавниците за здрава храна забележале дека 80 проценти од граѓаните кои пазарат се такви.
„Најмногу се користи лен, сончоглед, сусам, тиква тоа се семиња кои го намалуваат холетеролот во крвта, тие ги топиат маснотиите, ја подобрува работат на метаболизмот. Интегралниот ориз, истоа така, пченица рж, јачмен. Житарките барем еднаш дневно треба да бидат во исхраната“, изјави Елизабета Трајковиќ, порадавач во продавница за храна.
„Ако не се смени нешто во начинот на исхраната за 5 до 10 години ќе има дебело население кое ќе има сериозни проблеми со здравјето“, вели Александар Савески од технолошко-техничкиот факултет во Велес.
Навиките се стекнуваат уште од мала возраст. Затоа ресорното министерство тврди дека се внимава на исхраната.
„Децата во градинките мора да добиваат здрава и кавлитетна храна. Овошјето и зеленчукот треба задолжително да бидат на менито во градинките“, рече Диме Спасов, министер за труд и социјална политика.
Кампањата за консумирање здрава храна и практукување на физичка активност треба ја подигне свеста кај населението за поголема грижа за здравјето, бидејќи 80 отсто од дебелите деца остануваат цел живот дебели и со тоа стекнуваат предиспозиции за многу болести.
Наташа Јанчиќ
