„Арсенал“ ја стресе одбраната

21.10.2014 17:16

Со кривичната пријава се опфатени 9- мина. Се товарат за кривичните дела злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари и фалсификување и уништување на деловни книги...

Во полициската акција Арсенал уапсени екс началникот на секторот за логистика во Министерството за одбрана, кој беше заработи условна казна за аферата Тенковски делови, сопственикот на фирмата Деликатес, поранешен пратеник, актуелен член на Централниот одбор на СДСМ, членови на семејство и дректорот на Сувенир Самоков. Осомничени се за криминал со сервисирање на шест армиски хеликоптери, за кои натплатиле околу три милиони американски долари, за колку и ја оштетиле буџетската каса. Криминалот го сториле во периодот од 2004 до 2009 тата. Формирале фирми во Кипар, Бугарија, Велика Британија и неколку во Македонија за да го прикријат движењето на парите, а надлежните органи да немаат увид во трансакциите.  

„Според досега документираните сознанија кривичните дела се извршени преку правните лица, односно фирмите „Дрвомак“ од Благоевград, Бугарија, КЛ ТTechnoservices“ ЛТД од Ливерпул Велика Британија, „ПТП Деликатес традинг ЛТД“ од Кипар, „Студио Д“ ДОО Кочани, „Делта Текс Ко“ ДОО Кочани, „Специјална опрема Скопје“ ДОО Скопје, „Сувенир“ А.Д. село Самоков Македонски Брод“, изјави Иво Котевски, помошник министер за внатрешни работи во МВР.

Сервисот на армиските воздухоплови се вршел редовно во украинската фирма за што е платено. Нелегално стекнатите пари ги внесувале во легалниот платен промет во земјава, преку фирмите од Бугарија и Велика Британија. Со кривичната пријава се опфатени 9- мина. Се товарат за кривичните дела злосторничко здружување, злоупотреба на службената положба, перење пари и фалсификување и уништување на деловни книги.

Министерството за одбрана целосно ја поддржува истрагата што ја спроведува МВР и е отворено за соработка за расветлување на случајот. Од Одбраната велат дека се придава високо значење на интегритетот на вработените во министерството, припадниците на армијата и на компаниите со кои соработуваат.

Наташа Гркова-Петрушевска