Работнички е 7-от четвртфиналист во купот
Со победата над Пелистер со 3-1, екипата на работнички им се придружи на Ренова, Дрита, Еуромилк, Турново, Тетекс и Кожув во четвртфиналето на фудбалскиот куп на Македонија.
На арената Филип Втори во Скопје, Работнички и Пелистер влегоа со 0-0 по првиот натпревар во Битола, но домаќините демонстрираа надмоќна игра и со головите на Стојков во првото и на Алтипармаковски и Сулејманов до 69-тата минута во второто полувреме веќе го решија победникот, додека поќесниот погодок за битолчани го постигна Мирчевски во 76-тата минута.

Последниот патник меѓу најдобрите 8 ќе го добиеме утре по реванш средбата меѓу Вардар и Шкендија во која тетовци ќе влезат со предност од 2-1. Натпреварот што ќе почне во 15 часот МРТ ќе го пренесува на првиот програмски сервис.