Највисокото одличие на МПЦ доделено на Прилепската Пиварница

21.10.2014 19:40

Македонската православна црква ја одликува Прилепска Пиварница со орденот „Свети Климент Охридски“ од втор ред.

Високото црковно одличие се доделува на Прилепска Пиварница поради нивниот несебичен придонес и помош за црквите и манастирите во прилепскиот регион.  Доделувањето на орденот се случува токму оваа година кога Прилепска Пиварница слави 90 години од основањето.

Одличието на претседателот на Управниот одбор на Прилепска Пиварница, Кирил Самарџиоски му го додели Митрополитот преспанско-пелагониски, Петар, во присуство на архиепископот г. г. Стефан и владиката Климент, Секретар на Синодот.

Свети Климентовиот орден е највисокото црковно признание, а МПЦ го доделува на заслужни личности и институции веќе неколку години. Светиот архиерејски Синод на Македонската православна црква одлуката за доделување на орденот ја донесе на седницата одржана на 25 јуни 2014 година.