Во Европа рекордни приноси на пченка- поевтина добиточна храна за сточарите

22.10.2014 10:14

Рекордни приноси на пченката во Eвропа. Поголемиот род ќе придонесе за намалување на цената на регионалните берзи, и поевтина добиточна храна...

Сточарите годинава ќе набават поефтина добиточна храна. На почетокот на Oктомври на берзата во Нови Сад е забележан зголемен промет на житните култури.

Нај тргуван производ е пченката од новата реколта, која бележи намалување од 12 проценти односно од 7,6 на 6,7 денари за килограм.

Цената на пченицата достигна 9,5 денари за килограм.

На европските и на  светските берзи, пак, иако пченката има рекордната жетва, цената е во благо зголемување.

  

Методија Трајков