Нов закон за спречување и заштита од семејно насилство
Построги казни за насилниците во семејството, преместување на сторителот од домот, а не на жртвите како досега, се дел од мерките што треба да ги содржи новиот Закон за спречување и заштита од семејно насислтво. На оваа тема во Собранието дебатираа пратеници, социјални работници, психолози, невладини организации. Социјалните работници повикаа да се води грижа за жртвата на насилството, но и за посеопфатен третман на децата, бидејќи практиката покажува дека оние што биле сведоци на насилство во домот стануваат насилници.

Построги казни за насилниците во семејството, преместување на сторителот од домот, а не на жртвите како досега, се дел од мерките што треба да ги содржи новиот Закон за спречување и заштита од семејно насислтво. На оваа тема во Собранието дебатираа пратеници, социјални работници, психолози, невладини организации. Социјалните работници повикаа да се води грижа за жртвата на насилството, но и за посеопфатен третман на децата, бидејќи практиката покажува дека оние што биле сведоци на насилство во домот стануваат насилници. Според стручните лица, малолетничката деликвенција е последица на проблеми во семејството. Освен центрите за социјални работи поголем ангажман треба да имаат МВР и Министерството за здравство. Новиот Закон треба да биде донесен наредната година.
