Црвен аларм: Невреме со снег во Хрватска

22.10.2014 10:37

Црвена тревога освен за главниот град е вклучена и за северниот дел на земјата, но и за северното приморје и Истра...

Невреме проследено со снег  и пад на температурите ја зафати ноќеска хрватска.  Издадаен е црвен аларм во некоиделови од земјата а граѓаните се предупредени дека на некои места може да дојде до одрони.

Црвена тревога освен за главниот град е вклучена и за северниот дел на земјата, но и за северното приморје и Истра. Граѓаните се предупредени дека се можни оркански ветришта кои на одделни места можат да достигнат брзина од 120 километри на час.

Црвеното предупредување значи дека времето е исклучително опасно. Се прогнозира исклучително интензивен метеоролошки настан. Голема штета и незгоди се можни на големо подрачје и тоа во најголемиот број случаи ќе бидат опасни по живот. Често информирајте се за очекуваните метеоролошки услови и ризици. Следете ги наредбите и советите дадени од страна на државните тела во било кои услови и бидете подготвени за вонредни мерки, наведува Метеоалармот во предупредувањето.