Притвор за тројца во случајот „Арсенал“
Спроведените осум лица се осомничени за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари и други приноси...

По сослушувањето, на тројца од приведените во акцијата „Арсенал“ им е изречена мерка притвор во траење од 30 дена, а на другите петмина им е изречена мерка за обезбедување, и им се одземени патните исправи. Тие имаат обврска да се јавуваат пред овластено лице или надлежен државен орган
Спроведените осум лица се осомничени за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување, перење пари и други приноси.
По предлогот на Основното јавно обвинителство, судија на претходна постапка одлучи да им одреди мерки за обезбедување и тоа: на Б.Б., В.Ѓ. и В.Б.Ѓ за кривичното дело перење пари и други приноси одредена им е мерка 30-дневен притвор.
За Н.М., Ж.П., Д.Н., Ј.Ѓ. и В.Ѓ. осомничени за кривичните дела злоупотреба на службена положба и овластување и перење пари и други приноси, Судот одреди мерки за претпазливост.
Лицата се осомничени дека во периодот од 2004 до 2009 година го оштетиле Министерството за одбрана за 2,7 милиони долари преку преплатување на цената за сервисирање на шест армиски хеликоптери.
