Вардар и Шкендија во битка од Купот
Сеуште нестивнато ехото од неделното дерби во Тетово, а само три дена подоцна следи нова пресметка меѓу Вардар и Шкендија.Двете екипи со највисоки цели денеска влегуваат во битка од сосема поинаков карактер, во меч од Купот на Македонија без право на поправен испит. Вардар лета високо во оваа сезона! Со секое ново излегување на натпреварувачкиот полигон го демонстрира играчкиот квалитет.Но, денеска на Филип Втори Арената прв пат ќе стартува со резултатски дефицит.

Сеуште нестивнато ехото од неделното дерби во Тетово, а само три дена подоцна следи нова пресметка меѓу Вардар и Шкендија.Двете екипи со највисоки цели денеска влегуваат во битка од сосема поинаков карактер, во меч од Купот на Македонија без право на поправен испит. Вардар лета високо во оваа сезона! Со секое ново излегување на натпреварувачкиот полигон го демонстрира играчкиот квалитет.Но, денеска на Филип Втори Арената прв пат ќе стартува со резултатски дефицит. Пред неполн месец во првиот натпревар од 1/8 финалето беше поразен од Шкендија со 2:1.
Вардарците се пред императивот да „бркаат“ резултат.Во неделата одиграа одлични 30-тина минути кога го решија дербито.Шкендија ја лекува „болката“ од тетовскиот пораз, а со мислите е со предизвикот кој ја очекува. Со какви сили двата тима денеска ќе истрчаат во Скопј?. Проблемот на вардаровиот тренер Сергеј Андреев е позицијата на лев бек. На повредата на Глишиќ се надоврза отсуството и на единствената адекватна алтернатива, Благојче Љамчевски.Стратегот на Шкендија Ардијан Кознику во „невреме“ го загуби суспендираниот Иван Митров, играч многу значаен и употреблив во ваквите нокаут-мечеви. Силен е набојот и предизвикот за двата состава. Ова е четврти меѓусебен дуел во Купот на Македонија меѓу Вардар и Шкендија.
Минатата година Шчендија го елиминира Вардар благодарение на голот во гости: во Тетово беше 0:0, а во Скопје беше 1:1.Според договорот на двете клубски раководства, нема да има организирано доаѓање на навивачи на Шкендија во Скопје. Победникот од денешниот дуел ќе им се приклучи на Работнички,Тетекс,Еуромилк,Хоризонт,Дрита,Кожуф и Ренова , екипите кои веќе обезбедија пласман во ¼ финалето од Купот на Македонија.
Куп на Македонија-1/8 финале
Вардар-Шкендија 15.00 часот-пренос МРТ
