Победа за Атланта и Антиќ во драмата во Кливленд
Атланта на македонскиот кошаркар Перо Антиќ победоносно учествуваше во еден од двата драматични меча од вкупно четирите одиграни синоќа во НБА лигата. Дури по две продолженија, Атланта славеше на гости кај Кливленд со 127:125. Нашиот кошаркар одигра пет минути во коишто реализираше по една тројка и скок. Џеф Тиг беше најзаслужен за триумфот на „Хоукс“ затоа што со тројка во финишот на првите и донесе втори пет минути на својата екипа, а вкупно постигна 34 поени и собра 14 асистенции. Без ефект останаа 40-те поени на домашниот кошаркар Кајри Ирвинг.

Дополнителните минути му донесоа триумф и на Портланд во домашниот дуел против Клиперс со 116:112. Најдобриот тим во лигата се спаси благодарение на тројката на Никола Батум на 5,8 секунди пред крајот на основниот дел од мечот. Французинот го реши мечот и во продолжението откако ги погоди сите осум слободни фрлања во последната минута. Портланд има биланс од 24 победи и само пет порази.
Во тексашката пресметка Сан Антонио како гостин го совлада Далас со 116:107. Тони Паркер постигна 23, Тим Данкан 21 поен на коишто придодаде и 13 скокови. Кај домаќините и на натпреварот најефикасен беше Дирк Новицки со 25 кошеви.
“Рокетс“ се неприкосновени дома и против Мемфис ја остварија десеттата победа во последните 12 дуели во Хјустон, овојпат со 100:92. Џејмс Харден стана првиот кошаркар во историјата на НБА кој постигнал 27 поени, а притоа од поле погодил само два шута. Сите други кошеви Харден ги реализираше од линијата за слободни фрлања од којашто имаше ефект 22 од 25. Хјустон ја обезбеди победата во последниот период којшто го доби со 34:20.
Резултати:
Кливленд - Атланта 125:127
Портланд - ЛА Клиперс 116:112
Далас - Сан Антонио 107:116
Хјустон - Мемфис 100:92