Јункер: Проширување нема да има до 2019 година
Новата европска комисија претседавана од луксембуржанецот Жан-Клод Јункер, без изнененадување денес треба да го доби потребното мнозинство во Европскиот парламент со што таа ќе ја преземи функцијата на 21 ноември...

Претставувајќи ја програмата и составот на Европската комисија и доделените ресори во неа, претседателот Жан-Клод Јункер уште еднаш се задржа на проширувањето на ЕУ. Според него е невозможно да бидат примени нови земји членки во идните пет години, односно до крајот на мндатот на Комсијата во 2019 година.
Именувањето на ресорот „комесар за преговори за проширувањето“, Јункер го објасни со фактот дека тоа било побарано од дел од комисиите на Европскиот парламент и од дебатата која ја водел тој лично самиот со себе си.
„Не сакам да ги излажам луѓето, ниту на народоите. Не треба да им даваме впечаток на земјите кандидати, дека можат да станат членки во идните пет години. Нема да има нови членки во текот на овој мандат. Тоа стриктно е невозможно.“
Пропратен со аплаузи, Јункер продолжи:
„Не треба да се раскажауваат приказни. Не треба да им оставиме да веруваат на тие што чекаат да станат членки, дека тоа може да се направи во идните пет години. Но евидентно, преговорите за проширување ќе продложат со ист елан и жестина и ангажирање, како што беше досега.“
Притоа новиот претседател на Европската комисија имаше и мала мисла за земјите кандидати.
„Сакам да ги поздравам земјите кандидати за челнство во ЕУ, велејќи им дека преговорите ќе бидат забразани, но не е реално тие да бидат завршени до 2019 година“ - беше дециден тој.
Оваа екипа на Европската комисија, во споредба со досегашната предводена од Баросо се оценува како „пополитичка“, на што инсистираше посебно Жан Клод Јункер. Директорите на комисјата треба да им бидат послушни на комесарите, а не спротивното.
Во неа има четири поранешни премиери финлаѓанецот Јирки Катаинен, летонецот Валдис Домбровскис и естонецот Андрус Ансип, плус претседателот на комисијата луксембуржанецот Јункер.
Потоа два поранешни шефови на дипломатијата Франс Тиммерманс и италијанката Федерика Могхерини и два поранешни министри за економија французинот Пјер Московиси и данецот Маргет Вестагер.
„Големиот губитник сум јас, бидејќи делегирав голем дел од моите претсдателски надлежности на вице-претседателитена Комисијата. Тоа е во интерес на функционирањето на Комисијата“ – рече претседателот Јункер, нагласувајќи дека може да си ги врати назад, ако оцени дека не се исполнуваат како што треба.
Инсистирајќи дека сакаше во Комисијата да има повеќе жени, но таа остана на бројот 9, исто како и во претходниот состав. Жан-Клод Јункер нагласи дека ги сослушал забелешките на европратениците при сослушувањето на неговата екипа, што доведе и до промените во иницијалниот тим.
Најавувајќи дека нема да биде „слуга“ на Европскиот парламент, но дека ќе го слуша.
Тој ја има поддршката од трите големи политички групи во ЕП, таа на Народните парти, Социјалистите и Либералите.
Зелените ги обвинуваат овие три групи за „меѓусебно договарање меѓу пријатели“, што според нив оди во полза само на евроскпетиците. Педесетте членови на групата на Зелените се повикани да гласаат против новиот состав на комисијата, која според французинот Јаник Жадо е „без убдеувања и без визија за Европа“.
Зборувајќи најпрви на француски, англиски, преминувајќи на јазикот на „светските шампиони во фудбал- (германскиот) кој во моментов имаат тешкотии“, Јункер алудираше не само на тешкотитте на фудбалската селекција, туку и на германската економија.
Според Јункер, „економија која не инвестира, не создава работни места“. Затоа тој најави дека неговата програма за инвестиции од 300 милијарди евра ќе оди до крај и сите кои ќе се обидат да го одвратат од тоа нема да успеат.
Според него потребна е буџетска дисциплина и политика на инвестиции. За да биде изгласана на Европската комисија и е потребно просто мнозинство во Eвропскиот парламент.
Тони Гламчевски
