Мој Термин: Докторите – интернисти со најмногу реализирани прегледи

22.10.2014 11:55

Д-р Бранко Алексов од одделот за интерна медицина при Поликлиника Букурешт – Здравствен дом Скопје, реализирал 434 прегледи од почетокот на месец октомври досега, односно има најмногу реализирани амбулантски прегледи од сите доктори...

Според податоците од националниот систем за електронски евиденции во здравството, „Мој Термин“, д-р Бранко Алексов од одделот за интерна медицина при Поликлиника Букурешт – Здравствен дом Скопје, реализирал 434 прегледи од почетокот на месец октомври досега, односно има најмногу реализирани амбулантски прегледи од сите доктори од овој Здравствен дом, во овој период.

Наредни на листата со најголем број реализирани амбулантски прегледи во текот на месец октомври (над 300 прегледи), се и други тројца доктори-интернисти, меѓу кои: д-р Јелка Дамеска од Поликлиника Букурешт – 338 прегледи, д-р Славица Лакинска од Поликлиника Јане Сандански – 324 прегледи и д-р Никола Стојановски од Поликлиника Јане Сандански – 305 прегледи.

Во Здравствен дом Скопје во текот на месецов меѓу 200 и 300 амбулантски прегледи реализирале вкупно 30 доктори од повеќе различни специјалности, меѓу кои: оториноларингологија, офталмологија, дерматовенерологија, ортопедија, физикална и рехабилитациона медицина.