ЕК казни три познати банки поради картелско здружување

22.10.2014 12:48

Европската комисија беше предупредена за постоењето на овие картели од страна на „Ројал бенк оф Скотланд“...

Европската комисија вчера казни три банки со вкупно 84 милиони евра. „Џеј Пи Морган Чејз“,  „УБС“ и „Кредит Свис“  беа обвинети поради нивно картелско здружување во финансискиот сектор.

„Џеј Пи Морган Чејз“ е казнета со 61,7 милиони евра поради местењето на Либор каматната стапка во периодот од март 2008 до јули 2009 година, но и со дополнителни 10,5 милиони евра, поради учеството во картел во кој ги местела каматните стапки на договорите индексирани во швајцарски франци, пренесува „Ројтерс“.

Поради  истите причини „УБС“ заработи казна од 12,7 милиони евра, а „Кредит свис“   од 9,2 милиони.

Европската комисија беше предупредена за постоењето на овие картели од страна на „Ројал бенк оф Скотланд“, поради што таа банка избегна казна.