Преку ИПАРД до нови инвестиции
ИПАРД програмата е еден од начините како до свежи пари и до нови инвестиции. Во струмичко голема заинтересираност како од малите и средни претпријатија така и од земјоделците...

Поедноставувањето на процедурите, но и зголемувањето на можностите за инвестирање преку ипард програматаво повеќе области трипати го зголемил интересот за апликации од крајот на 2012 година до денес, велат од министерството за земјоделство. Во струмичкиот регион повеќе преработувачки капацитети искористиле пари од европскиот финансиски инструмент за набавка на опрема, од која велат им зависел и бизнисот.
„Тие пари ни се доста потребни, заштои работиме со супер маркети и мора приемот да го калибрираме, да го селектираме, затоа ни се потребни тие комори и разладни уреди“, вели Даниела Илиева- Откупен центар за зеленчук и овошје.
Во најскоро време ќе биде распишан и десеттиот повик за ИПАРД во делот на инвестиции во земјоделското стопанство, во преработувачки капацитети и во развој на руралната економија. Од Министерството за земјоделство, преку посебни работилници за земјоделците, но и компаниите се посочуваат новите процедури и поволности за доаѓање до ИПАРД средствата.
„Затоа сме тука да ги повториме, стриктните правила кои се користат при иммплементација на ИПАРД, некои работи мора да се направат, да се чисти за да се добие проектот“, изјави Виктор Младеновски, Министерство за земјоделство.
Досега близу 400 проекти во вредност од 7 милиони евра се одобрени. 200-те се исплатени со 4 милиони евра, а останатите се реализираат, велат од ресорното министерство.
Катерина Давчева
