Од штала во прилепско украдени 1,2 тони тутун
Еден тон и двесте килограми тутун се украдени на Прилепчанец ноќта меѓу 25 и 26 декември. Четириесет годишниот тутунар Мите Димоски констатирал дека му го нема родот од шталата во месноста Ѓумушица кај Прилеп кога изутрината дошол и видел дека се скршени катанците. Пријавил в полиција која со прилепското основно обвинителство направила увид. Првичните проценки се дека е направена штета од 4000 евра.
Ова е прва кражба на тутун во прилепско годинава пријавена откако почна откупот на тутунот а вакви случаи имало и последните неколку години.

Инаку откупот на тутунот сега се одвива со поголем интензитет и со засилена инспекциска контрола на откупните пунктови за реална проценка на родот тежок близу 30 000 тони.