Банкок ќе ја добие највисоката зграда во Југоисточна Азија

22.10.2014 13:34

Тајландската корпорација „Гранд канал ленд“ соопшти дека најмногу за еден месец во Бангкок ќе почне, а за шест години ќе заврши изградбата на највисоката зграда во Југоисточна Азија.
 
„Супер кулата“ ќе има 125 ката, а највисокиот кат ќе биде на 615 метри над тлото. На 12 хектари површина овој градежен џин ќе има повеќе хотели, бизнис и шопинг центри, како и повеќе објекти за забава и спортување.
 
Новата „Суперкула“ во Бангкок по висина ќе ја надмине сега највисоката зграда во регионот, кулите-близначки на „Петронас“ во Куала Лумпур. Покрај приматот во југоисточна Азија оваа градба ќе биде и на листата на десетте највисоки згради во целиот свет.