Белгија со најмногу џихадисти во Европа

22.10.2014 13:46

Се смета дека меѓу 3.000 европејци кои војуваат на страна на Исламската држава повеќе од десет отсто се белгиски државјани...

Белгија во однос на бројот на жители е на прво место во Европа има најмногу  млади кои се придружиле кон џихадистите во Сирија и Ирак.

Се смета дека меѓу 3.000 европејци кои војуваат на страна на Исламската држава повеќе од десет отсто се белгиски државјани, главно мароканци и турци од втората генерација.

Хари Бонте, градоначалник на Виливорде, мал град недалеку од Брисел, со бројна муслиманска популација е убеден дека само од неговото место во џихад заминале 27 тинејџери меѓу кои и две девојчиња од 14 и 15 години.

Според Бонте во позадина стои доброорганизирана мрежа на терористи кои ги индоктринираат младите муслимани, а потоа преку Турција им организираат пат до боиштата во Ирак и во Сирија.