Груевски: Е-лизинг за подобра бизнис клима
Електронскиот систем овозможува целокупниот процес на регистрација на лизингот да се изведе преку компјутер и интернет и нема потреба од доаѓање во Централниот регистар и поднесување на документите во хартиена форма...

Централниот регистар воведува уште една услуга која ќе се реализира по електронски пат. Станува збор за електронско поднесување пријави за регистрација на е-лизинг со кое ќе им се заштедат време и средства на компаниите и корисниците на системот.
Електронскиот систем овозможува целокупниот процес на регистрација на лизингот да се изведе преку компјутер и интернет и нема потреба од доаѓање во Централниот регистар и поднесување на документите во хартиена форма.
Според премиерот Никола Груевски, кој присуствуваше на денешната промоција, новата електронска улуга е во насока на подобрување на бизнис климата во државата и олеснување на секојдневното работење на компаниите.
Системот претставува брзо и модерно решение кое предвидува електронска комуникација и плаќање, скратување и поедноставување на процедурата за регистрирање на лизинг и заштеда на време и средства за целата постапка. Верувам дека новиот систем ќе биде од полза за сите компании и целокупната професионална заедница која ќе го користи, истакна Груевски.
Тој најави дека Владата ќе продолжи со низа активности кои се во насока на подобрување на условите за водење бизнис и континуиран раст на економијата.
