Mинистерот Изаири се сретна со словенечкиот амбасадор Раковец
Целта на средбата беше меѓусебно информирање и координирање за заедничките активности на двете држави во екологијата...

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири денеска оствари средба со амбасадорот на Словенија во Македонија Бранко Раковец.
Целта на средбата беше меѓусебно информирање и координирање за заедничките активности на двете држави во екологијата.
Соговорниците изразија посебен интерес за соработка при реализација на завршните работи на проектот „Проектирање и изградба на пречистителната станица во Волково, општина Ѓорче Петров“ поради што на средбата присуствуваа и претставници од компанијата РИКО, во улога на фирма изведувач.
По состанокот, министерот Изаири, амбасадорот Раковец и претставниците на РИКО направија теренска обиколка на изведбените работи на пречистителната станица во Волково за да ја утврдат фактичката состојба на реализацијата на проектот.
