Поедноставена постапката за аплицирање за ИПАРД фондовите
Претставници на Министерството за земјоделство и Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово одржаа средба со земјоделците...

Поедноставена е постапката за добивање средствата од ИПАРД фондовите. Ова ги охрабрува претпиемачите да аплицираат.
Претставници на Министерството за земјоделство и Агенцијата за поддршка на мали и средни претпријатија ЕСА од Тетово одржаа средба со земјоделците на која ги информираа за можностите за искористување на средствата од ИПАРД програмата.
Од Агенцијата ЕСА не се задоволни од заинтересираноста за искористување на овие фондови. Велат дека сега има повеќе можности за да аплицираат и занаетчии и мали и средни претпријатија од руралните средини.
Вакви инфо донови ќе се одржуваат во повеќе градови во земјава.
Зоран Јованоски
