Телеком Австрија објави: ВИП и ОНЕ се спојуваат!
Групацијата објави дека договори спојување на својата подружница Вип оператор со компанијата Оне (подружница на Телеком Словеније) во Република Македонија...

Денес, Телеком Австрија Групацијата објави дека договори спојување на својата подружница Вип оператор со компанијата Оне (подружница на Телеком Словеније) во Република Македонија.
Телеком Австрија Групацијата ќе поседува 55% удел во компанијата и ќе има целосна контрола врз новосоздадениот ентитет, додека Телеком Словеније ќе задржи 45%. Договорот, исто така, вклучува опции за купување и продажба за излегување на Телеком Словенија од заедничкото вложување во рок од три години од затворањето на спојувањето. Затворањето на трансакцијата, меѓу другото, е предмет на потврда после спроведена детална анализа на Оне, што се очекува да биде финализирано до средината на ноември, кога и ќе бидат објавени повеќе информации. Исто така, спојувањето е предмет на одобрување од страна на надлежните институции во Република Македонија и се очекува затворање на трансакцијата во првиот квартал од 2015 година.
Оне е третиот по големина мобилен оператор во Република Македонија, со пазарен удел од 23,6% и корисничка база од околу 528.000 корисници на 31 декември 2013-та. Во 2013 година Оне достигна приходи од 75,5 милиони евра и Заработка пред камати, даноци, амортизација и депресијација (ЕБИТДА) од 14,4 милиони евра.
Телеком Австрија Групацијата нуди мобилни услуги во Република Македонија преку својата подружница Вип оператор од 2007 година. Со пазарен удел од 28,1% и околу 630.000 корисници на крајот на 2013-та Вип оператор е втор по големина мобилен оператор во земјата. Приходите изнесуваа 65 милиони евра, а ЕБИТДА 14,7 милиони евра. Со купувањето на Близу Македонија во јули 2014, Телеком Австрија Групацијата исто така нуди и фиксни услуги на македонскиот пазар.
