Еболата може да се сузбие за пола година
Eпидемијата на ебола може да се сузбие за четири до шест месеци, уверува со својата денешна изјава генералниот секретар на Меѓународната федерација на Црвениот крст и Црвената полумесечина, Елхаџ Ал Си.
На регионална конференција на азиско-пацифичките земји, која се одржува во Пекинг, тој изјави дека исполнувањето на временската рамка е можно доколку постои „добра изолација“, добар третман на случаите, кои се потврдени и добро, достоинствено и безбедно погребување на починатите.

Од ебола од избивањето на епидемијата пред десет месеци, па до денеска починаа над 4.500 лица. Најголем број од починатите се во Либерија, Гвинеја и Сиера Леоне.