Училишни спортски клубови за поздрав живот на децата

22.10.2014 15:53

Освен задолжителните часови по физичко, училиштата ќе мора да основаат и спортски клубови...

Веќе шест години Стефан Димитровски тренира кошарка во спортскиот училиштен клуб. Засега баскетот му е само хоби. Но по  постигнатите добри резултати, можеби и идна професија. 

„Минатата година играв за спортскиот клуб Владо Тасевски, и имаме освоено прво место на општински, градски и на републички натпревар. Тоа ме поттикна и годинава да учествувам“, рече Стефан Димитровски.

Можеби еден ден Стефан ќе ги брани боите на Макадонија во дресот на репрезентацијата. Сара, пак, се наоѓа во одбојката. Веќе четири години неуморно вежба на паркетот во училишната сала.

„Рекреацијата е многу битна за здрав живот“, вели Сара Тасевска.

Професорот Амди Муса го раководи спорсткиот клуб во основното училиште Владо Тасевски во скопски Карпош, каде што тренираат повеќе од 150 ученици.

„Кај нас уште од второ одделение учениците се вклучуваат во спортскиот клуб“, рече Амди Муса, професор по физичко.

Освен задолжителните часови по физичко, училиштата ќе мора да основаат и спортски клубови.

„Досега се регистрирани 52 училишни спорстки клуба во државава, а 80 се во процедура“, вели Спиро Ристовски, заменик министер за образование и наука.

Сите оние кои спортски не се активни, лекарите советуваат, со мали приспособувања, во текот на денот да практикуваат физичка активност. Возрасните треба да направат 8.500 чекори секој ден. За одржување здрав начин на живот, граѓаните на возраст од 18 до 64 години треба да изведуваат аеробична физичка активност со умерен интензитет најмалку 150 минути во неделата.

Наташа Јанчиќ