Случај „Арсенал“: Пари се криеле и во Саудиска Арабија и Дубаи
Истрагата отвора нови моменти за нелегалниот пат на парите што го правеле осомничените во акцијата „Арсенал“. И Саудиска Арабија и Дубаи се на најдоа на листата земји преку кои се вртел црниот бизнис кој резултираше со криминал тежок над 2 милиони и 700 илјади долари...

Уште 50-ина налози и исплати кон фирми во Дубаи, Саудиска Арабија, Кина и Косово кои немаат ништо заедничко со сервисирање хеликоптери се пронајдени во текот на истрагата во акцијата „Арсенал“. Симптоматично е што дел од налозите се адресирани и на американскиот Универзитет Беркли.
Според информациите на МТВ, истрагата за бугарската фирма „Дрвомак“ траела подолговреме, а тамошната УЈП утврдила даночно затајување.
Како се движеле парите?
Се почнувало од фирмите „Сувенир“ и „Специјална опрема“со кои Одбраната имала договор како коресподенти. Тие парите ги префрале на бугарската фирма „Дрвомак“. Оттаму чистата сума одела во украинската фирма, а остатокот од парите се враќал преку оф-шор фирмите.
Според истрагата, коресподенцијата за плаќање одела преку ексначалникот во Секторот за логистика. За МВР се спорни три договори.
Првиот од октомври 2004 година, кој бил на сума од милион 834 илјади долари за сервисирање на МИ-24, „Сувенир“ ги префрлил парите на бугарската „Дрвомак“. На украинската фирма и биле исплатени 995.000 долари, а остатокот легнал на сметките на оф-шор компаниите.
Вториот бил потпишан во 2005-та, овојпат преку скопската фирма „Специјална опрема“ на милион и 800 илјади долари за сервис на транспортен хеликоптер МИ-8. Парите повторно одат на сметката на „Дрвомак“, која пак на сметката на „Укринмаш“ испратиламилион и 100 илјади долари, а преостанатиот дел, околу 600 илјади, се враќаат во Македонија.
Третиот договор е склучен во 2006 преку „Специјална опрема“, но овојпат парите се префлени на британската „Техносервис“ од Ливерпул. Таа им ја исплатила на Украинците точната сума за сервисирањето на МИ-24, а остатокот им се префрлил на оф-шор компаниите.
Со тоа, на црните сметки завршиле над 2 милиона и 700 илјади долари. Во акцијата „Арсенал“ се осомничени деветмина, тројца завршија во притвор, а на другите им се одземени пасошите.
Наташа Гркова-Петрушевска
