МАНУ бара заострена контрола на квалитетот на високото образование

22.10.2014 16:25

Воведување на систем на перманентно следење на квалитетот на високото образование и периодични евалуативни, периодични истражувања...

Треба да се заострат критериумите за евалуација на квалитетот на високото образование – став на претседателот на МАНУ, Владо Камбовски за евентуалните модалитите за оценување – екстерно или државен испит. Според него, тоа би бил еден сложен систем за вреднување, кој би требало да го покаже квалитетот на универзитетите.

„Дури и ако помине една идеја дека треба да има некој тип на екстерно оценување, како и кога тоа е прашање на дискусија, тоа е само еден елемент од воведување на еден систем на перманентно следење на квалитетот на високото образование и периодични евалуативни, периодични истражувања“, вели академик Владо Камбовски, претседател на МАНУ.

Ова е само идеја, дебата ќе има за каква и да е одлука, категоричен е министерот за образование, Адеми.

„Врз основа на дебатата ние ќе одлучиме дали ќе се воведе држване испит и кои модалитети би биле прифатени. Секоја одлука ќе биде заедничка со универзитетите и студентите“, рече Абдулаким Адеми, министер за образование.

Поголема соработка, искористување средства од европските фондови, поттикнување на иновациите, се дел од заклучоците од средбата меѓу институциите. Во буџетот за 2015-та ќе има повеќе пари за науката. Ќе се вложуваат средства за научни активности, лаборатории, книги, истражувања.