Вардар и Металург со Сеха предизвици

22.10.2014 18:02

Најдобрите македонски ракометни екипи Металург и Вардар во средината на неделата го одржуваат натпреварувачкиот ритам во регионални рамки.

По викенд предизвиците во ЛШ, нашите европски адути ќе треба во Сеха лигата да ги оправдаат високиот рејтинг и фаворитската улога.

По дебаклот во Скопје против Кил, металурзите и гостуваат на последнопласираната екипа на Војводина во Нови Сад.

Без македонските репрезентативци Наумче Мојсоски, Димовски, Велко и Никола Маркоски, Вугринец, како и рускиот интернационалец Атман, Лино Червар ќе бара трета победа во петиот настап во регионалната конкуренција и залечување на раните од поразителните четири настапи во ЛШ.

Српскиот првак посакува излез од  резултатската криза во оваа конкуренција во која има само два бода од седумте натпревари.

Минатата сезона Металург ги доби двата дуела и во овој што во снимка ќе го следите на нашиот собраниски сервис од 22.30, влегува како фаворит.

Иста улога има и Вардар кој вечерва од 20.15 пред своја публика очекува лесна победа над Раднички. По успешниот старт во ЛШ црвено-црните со три триумфи бркаат нова шеста победа во Сеха конкуренцијата и сочувување на победничката серија до крајот на месецот.

Само лесно повредениот Душебаев нема да биде во составот, ќе го земни Терзиќ а шанса ќе добијат ракометарите кои имаат помала минутажа.

Раднички кој втор пат ќе гостува во Скопје откако беше убедливо поразен од Металург, досега има само една победа и четири порази во шесте дуели од Сеха лигата.