Отава

Престрелка пред канадскиот Парламент, застрелан еден војник

22.10.2014 19:18

Канадската полиција веројатно го застрела напаѓачот кој пукаше околу и во парламентот во Отава. Се проверува врата од врата дали имал помагачи. Напаѓачот претходно ранил војник од националната гарда кај Меморијалниот споменик, по што втрчал и пукал во парламентот. Истрели се слушнале и во трговски центар.

Премиерот Харпер е на безбедно и ја следи ситуацијата. Нападот се случи само неколку часа откако Канада го крена нивото на безбедност по информации за можен напад на Исламска Држава или Ал Каеда. Завчера исламист со автомобил удри во двајца канадски војници и усмрти еден од нив.