Фудбал

Вардар продолжува во Купот

22.10.2014 19:56

Вардар во Скопје ја совлада Шкендија со 3:0. Фудбалскиот Куп на Македонија го доби осмиот учесник во ¼ финалето. Брзо фудбалерите на Вардар ја анулираа предноста на Шкендија од првиот натпревар со 2:1. Првиот удар на „вардарците“ на противничкиот гол резултираше со водство од 1:0.Јасир Асани постигна извонреден гол. Дашјан во 34 минута го зголеми на 2:0. Само три минути подоцна капитенот Златко Таневски со глава ја закова топката во мрежата на Шкендија. Вардар одигра уште едно фуриозно прво полувреме против Шкендија.

Вардар во Скопје ја совлада Шкендија со 3:0. Фудбалскиот Куп на Македонија го доби осмиот учесник во ¼ финалето. Брзо фудбалерите на Вардар ја анулираа предноста на Шкендија од првиот натпревар со 2:1. Првиот удар на „вардарците“ на противничкиот гол резултираше со водство од 1:0.Јасир Асани постигна извонреден гол. Дашјан во 34 минута го зголеми на 2:0. Само три минути подоцна капитенот Златко Таневски со глава ја закова топката во мрежата на Шкендија. Вардар одигра уште едно фуриозно прво полувреме против Шкендија. Гостите од Тетово одново во целост беа надиграни на Филип Втори Арената.Натпреварот го следеа околу 500 гледачи.

Куп на Македонија -1/8 финале

Вардар-Шкендија 3:0

1:0 Асани 3 минута

2.0 Дашјан 34 минута

3:0 Таневски 37 минута