Иванов: Потребна ни е сплотеност за да истраеме во нашата цел
22.10.2014 21:26
Неопходна ни е сплотеноста меѓу власта и опозицијата, меѓу Македонците и Албанците, Турците, Србите, Власите, Ромите, Бошњаците, меѓу христијаните, муслиманите, Евреите и атеистите, за да успееме да истраеме во нашата цел за просперитетна, посреќна, побогата и посплотена европска и евроатлантска Република Македонија.
Ова го истакна претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов вечерва на свечената академија по повод одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба во Музејот на македонската борба за државност и самостојност.

Во својот говор Иванов нагласува дека ваков бил еуфоричниот амбиент во кој на 23 октомври во 1893 година, само седум години пред почетокот на новиот и надежен 20 век, шестмина Македонци се собраа на едно место. Се собраа и рекоа: тоа што го имаат другите европски народи ќе го имаме и ние – слободна и независна македонска држава.
Македонскиот претседател потсетува дека основачите на Македонската револуционерна организација беа учители и оти нивното дело го продолжија нивните ученици. - Учениците учествуваа во востанијата за ослободување на Македонија. Тие пишуваа апели и декларации до големите сили и влегуваа во отворен конфликт со оние што ја делеа и одново ја поробуваа Македонија. Тие ја водеа борбата за Македонија низ целиот 20 век. Учениците беа интелектуалната елита која, иако не секогаш единствена околу средствата, беше единствена за целта – слобода за Македонија, додава тој.