Семејството на Дениса ги доби резултатите од ДНК анализата

23.10.2014 13:56

Резултатите од ДНК анализата ги доби семејството на Дениса Маркоска. Нашиот дописник од Прилеп го посети семејството. На вратата го пречекала роднина, која со солзи во очите им рекла дека родителите на Дениса не сакаат, ниту пак се во можност да зборуваат за најновите моменти.

Потврдила само дека утрово биле известени за ДНК анализата. Не открила повеќе детали.

Дениса Маркоска за последен пат беше видена на 13 септември на бродот Серенисима каде што работела во моментот кога тој пловел кон Крит. Од тогаш и се губи секаква трага.

Таа беше пронајдена во водите на Егејското Море.