Вечер на „малите“!
Вторничките 40 голови на осум натпревари се ретко повторливи, но и сегментот А – Д понуди интересно трето коло на Лигата на шампионите. „Малите“ не се исплашија од „големите“, па Олимпијакос кој пред само четири години загуби со 7:0, сега го совлада Јувентус со 1:0. Благодарение на голот на Касами, црвено - белите го следат лидерот во групата Атлетико со по шест бода.

Вторничките 40 голови на осум натпревари се ретко повторливи, но и сегментот А – Д понуди интересно трето коло на Лигата на шампионите. „Малите“ не се исплашија од „големите“, па Олимпијакос кој пред само четири години загуби со 7:0, сега го совлада Јувентус со 1:0. Благодарение на голот на Касами, црвено - белите го следат лидерот во групата Атлетико со по шест бода.
Мадриѓани се први поради гол разликата акумулирана пред се со триумфот од 5:0 против Малме. Петте различни стрелци, сите во второто полувреме, Коке, Манџукиќ, Гризман, Годин и Черчи ја продолжија серијата на Атлетико од 19 победи на 21 домашен европски натпревар. „Старата дама“ и шведскиот првак имаат по три бода.
На чудесен начин влезе во елитата, можени незаслужено загуби од Ливерпул и од Реал, па беше време дебитантот Лудогорец да освои бодови и првиот милион. 1:0 против Базел со голот на Минев во судиското надополнување за одмазда за ланската елиминација во плеј – офот.
Против шампионот Реал никој не може да врзе четири победи, па ниту Ливерпул. Рутински 3:0 за „кралскиот клуб“ за загревање за „Ел Класико“. Најдобриот, Кристијано Роналдо конечно погоди на „Енфилд“ за 70-ти елитен погодок, еден повеќе од Меси, гол помалку од рекордерот Раул. Максималните девет бода во групата Б ги обезбеди двојниот стрелец Бензема. Со по три следат Бугарите, „црвените“ и Швајцарците.
На половина од конкуренцијата Ц, табелата најавува интересна разврска. Прв е Баер Леверкузен со 6 бода затоа што со 2:0, со погодоците на Донати и на Пападопулос, го совлада сега третиот Зенит кој собра четири. Монако е втор со пет, а и по првиот освен бод со ремито 0:0 во Монте Карло последна е Бенфика.
Гостинските победи во групата Д ги доближија Борусија и Арсенал до осминафиналето, особено што на 5 ноември ќе играат со истите противници, но сега како домаќини. 4:0, контранападот на екипата од Дортмунд го уништи Галатасарај за кој Пандев одигра 78 минути. Двапати Обамејанг и по еднаш Ројс и Рамос и ја донесоа петтата победа на Борусија на последните осум европски гостувања и првото место со девет бода.
Арсенал како втор има шест, откако поразот волшебно го претвори во победа од 2:1 против Андерлехт кој поведе преку Нахар во 71-та минута. И без девет фудбалери и со третата опција на голот Мартинез, „топчиите“ се извлекоа благодарение на бековската акција Чемберс – Гибс во 89-та и на подзаборавениот на клупата Подолски во 91-та минута, за најубава честика за 65-от роденден на Венгер. Белгискиот првак и Галата останаа само со по бод.
Резултати и табели :
Група А:
Атлетико М. – Малме 5:0
Олимпијакос – Јувентус 1:0
Табела:
1. Атлетико М. 6
2. Олимпијакос 6
3. Јувентус 3
4.Малме 3
Група Б:
Ливерпул – Реал М. 0:3
Лудогрец – Базел 1:0
Табела:
1.Реал М. 9
2. Лудогрец 3
3. Ливерпул 3
4. Базел 3
Група Ц:
Баер Л.– Зенит 2:0
Монако – Бенфика 0:0
Табела:
1. Баер Л. 6
2. Монако 5
3. Зенит 4
4. Бенфика 1
Група Д:
Андерлехт – Арсенал 1:2
Галатасарај – Борусија Д. 0:4
Табела:
1. Борусија Д. 9
2. Арсенал 6
3. Андерлехт 1
4. Галатасарај 1
