Скок за 13 места на Македонија на листата на ФИФА
Фудбалската репрезентација на Македонија забележа напредок од 13 места на ранкингот на ФИФА. На најновата листа Македонија е симболично место, на делба на 99 и 100 позиција со Летонија, со по 340 поени. Прогресот се темели на победата со пресврт во финишот против Луксембург со 3 : 2 во квалификациите за ЕУРО 2016.

На врвот останува светскиот првак Германија со 1669 поени, или 104 повеќе од вицешампионот Аргентина, а трета е Колумбија. Скок за едно место има Белгија и тоа на сметка на соседот Холандија која е петта, Бразил остана на шестата позиција, сега пред Франција која има напредок од две места. Уругвај забележа мал пад и сега е осми, деветта е Португалија која напредуваше за две места, а листата на Топ 10 ја заокружува Шпанија, иако загуби две позиции.
Во најдобрите десет има дури шест европски земји и четири јужноамерикански, највисоко рангирана од остатокот од светот е Алжир на 15 место, едно пред реперзентацијата на Костарика.