Подигнато нивото на безбедност во Вашингтон
Американските власти веднаш презедоа мерки за зголемување на нивото на безбедност во главниот град Вашингтон поради можноста од копирање на нападот врз канадскиот парламент.

Американските власти веднаш презедоа мерки за зголемување на нивото на безбедност во главниот град Вашингтон поради можноста од копирање на нападот врз канадскиот парламент.
Полицијата во американската метропола ги засили патролите низ градот особено околу Конгресот, Сенатот и Белата Куќа. Пентагон нареди зголемување на стражата на воените гробишта Арлингтон. ФБИ соработува со канадските колеги во откривањето на напаѓачите во Отава, нивниот мотив и план. Канадската полиција не можеше да го идентификува напаѓачот којшто уби еден канадски војник пред парламентот, но по соработката со ФБИ, тој е идентификуван како канадскиот државјанин Мајкл Азен-Бајбју, којшто неодамна се преобратил во ислам. Напаѓачот на канадскиот парламент бил спречен да замине да се бори на страна на џихадистите во Сирија.
Иако нема најави за напади врз американски цели, сепак властите не сакаат да препуштат ништо на случајност. Вечерва, еден маж ја прескокнал оградата на Белата Куќа, но бил сопрен од агентите на тајната служба коишто пуштиле две службени кучиња да го пресретнат. Натрапникот е пренесен во болница. Стејт департментот остро го осуди терористичкиот напад со автомобил бомба во Ерусалим, во којшто загина едно бебе, американски државјанин.
