Поддршка на претприемништвото во руралните средини

23.10.2014 16:25

Жените во руралните средини бараат вработување. Не сакаат да живеат како нивните предходнички, кои традиционално не работеле. Денеска тие посветуваат внимание и на образованието, но се незадоволни од понудите за вработување,кои и ако ги има, тие се наменети за машките.

Процентот на вработеност на млади и жени во руралните средини е многу низок. Нови работни места се отвараат многу тешко, а конкуренцијата за одредено слободно работно место е многу висока. Малите бизниси кои ќе бидат одржливи се клучните за развојот на руралните средини. Успешен бизнис пример е кривопалнчанката Оливера Станковска која неколку години наназад украсува керамички предмети кои ги продава на туристите во регионот.

„Само во локални рамки не може да опстои во бизнисот.Потребно е проширување на бизнисот надвор од малите места и поврзување со поголемите пазари“, вели Оливера Станковска, претприемачка од Крива Паланка.

Преку проект на УНДП , во соработка со Министерството за Локална Самоуправа, невладиниот сектор и Општините со Платформа за  регионална рурална агенција предвидено е да се поттикне претприемачкиот дух и да се намали невработеноста во северо-источниот регион.

„Клучниот резултат од проектот би бил да се има подобро планирање, но и поголема подготвеност да се дојде до достапните европски средства“, изјави Луиза Винтон –постојан претставник на УНДП.

Европската практика покажува дека здружените акции на сите локални чинители дале резултати со поголема вклуленост на млади и жени за отварање на мали бизниси.

„Важно е да се даде поршка за бизниси во мултиетничките средини во Македонија, а особено насочени кон жените и младите со цел овие поранливи групи да се вклучат во пазарот на трудот“, вели Чарлс Гарет Амбасадор на Велика Британија.

Целна група се невработените лица од руралните средини кои имаат идеја за сопствен бизнис или пак веќе се занимаваат со одредена дејност што им носи некаков приход.

Во наредните две години со средства од ИПА се очекува  основање на микробизнисите со развивање на сопствени производи и услуги, нивен маркетинг,промоција ,продажба и поврзување на пазарите.

Габриела Димковиќ