Салцбург и Динамо по европска пролет
Можеби е второ по ранг, но лига европа за повеќе клубови е натпреварување за рехабилитација и спас на евросезоната по неуспехот да се избори настап маѓу најдобрите во Лигата на шампионите. Токму таква е позицијата на Салцбург и Динамо од Загреб кои во меѓусебниот и дуелите со Селтик би требало да ја бараат шансата за европска пролет. На неа загрепчани чекаат цели 40 години,додека австријците бараат рехабилитација за проклетството што го следи 10-тината последни години во кои во 7 обиди ниту еднаш не обезбедиле настап меѓу елитата.

Двата клуба досега двапати играле меѓу себе, во квалификациите во 2009-тата Салцбург славеше во Загреб со 2-1 и со ремито дома 1-1 успеа да го елиминира хрватскиот првак.На Динамо е вечерва да возврати и да ги искористи проблемите на Салцбург со повредените дефанзивци Швеглер,Ворсах и Родни. Фактите велат дека австријците влегоа во одлична форма, постигнуваат во просек 3,3 голови по натпревар,но и редовно на последните 10 меча примаат барем гол по натпревар. Динамо на исто толку средби беше поразен само од Селтик иако заслужи победа,ќе биде без најдобриот стрелец Чоп, но чилеанецот на позајмица од Манчестер Јунајтед,Енрикес е достојна замена, па нема причина да не се очекува возбудлив и пред се ефикасен фудбал. Преносот на првиот програмски сервос на МРТ ќе почне во 21 часот.