Сеуште непознати мотивите за нападот на канадскиот парламент

23.10.2014 16:46

Австралиските власти ги засилија мерките за безбедност околу парламентот по нападот во Канада. Во текот на денот ќе бидат распоредени дополнителни полициски сили околу зградата на законодавниот дом во Канбери. Во Отава вонредна состојба по терористичкиот чин за кој се уште не се познати мотивите.

“Ние нема да бидеме заплашени. Ова ќе ни овозможи да станеме порешителни и да ги засилиме нашите напори за да ја одржиме безбедноста на Канада“, рече Стивен Харпер, премиер на Канада.

Во нападот загина еден војник кој бил на стража и напаѓачот Мајкл Захаф-Бибо. Според странските агенции Бибо бил осомничен терорист, а патните исправи му биле одземени  за да не замине во борби на Блискиот Исток.