Вардар против Татран очекува три бода за заокружување на успешната етапа

23.10.2014 17:30

РК Вардар одржа прес конференција во пресрет на дерби натпреварот со Татран, кој ќе се игра утреечер во салата “Ј. Сандански“ со почеток од 20.15 часот. По синоќешната победа над РАднички со 39 : 33, пред новинарите зборуваа тренерот на Вардар Раул Гонзалес и капитенот Филип Лазаров, кои и покрај згуснатиот распоред, очекуваат нови три бода против традиционално незгодниот ривал. 

“Татран Прешов е многу добар тим, тие се трети во СЕХА лигата и секогаш играат значајна улога во оваа конкуренција. Имаат цврста одбрана 6 -0 и моќни надворешни играчи кои погодуваат од дистанца. Ова за нас ќе биде трет меч за помалку од една недела што значи дека сме по малку заморни. Но, играме пред нашата публика и затоа очекуваме нови три бода кои би не зацврстиле на врвот со Веспрем. Синоќа против Раднички шанса добија неколкумина кои немаа големка минутажа сезонава, но ние имаме 20 ракометари кои во секој момент се подготвени да го дадат максимумот“ – изјави Раул Гонзалес, тренерот на Вардар.   

“Утре го играме нашиот трет натпревар во последните 6 дена, или втор во СЕХА лигата во само три дена. Секако дека ова е тежок и напорен период за нас, затоа што Татран е меѓу најдобрите екипи кои знаеле да се радуваат и во Скопје, а и на други гостувања. Но ние играме пред своите навивачи и ќе го дадеме максимумот за да освоиме 3 бода. Доколку успееме во тоа, би го заокружиле успешниот дел од сезоната и во Лигата на шампиони и во СЕХА пред паузата која ни претстои“ – изјави Филип Лазаров, капитенот на Вардар.

Мечот Вардар – Татран се игра утре во 20.15 часот, со пренос на МРТ1.